Press "Enter" to skip to content

Презентација на заеднички проекти на ФИКТ со бизнис секторот – ИТ компании (фотогалерија)

Во новите простории на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола се одржа завршната манифестација на презентирање на успешните проекти на студентите на ФИКТ направени заедно со Менторите од ИТ компаниите со кои ФИКТ има успешна соработка и потпишани меморандуми за соработка, како свои партнери во процесот на едукација на кадар потребен за работа во ИТ компаниите.Најпрво настанот го поздравија претставници на ФИКТ-УКЛО Битола (продекан за финансии и соработка со бизнис секторот) заблагодарувајќи се за присуството и ангажманот на ИТ компаниите.Беше нагласено дека во времето на новата Интернет економија, ИТ компаниите се борат на глобалниот ИТ пазар, одовде од нашата држава. Исто така им беше посакано добредојде во Новата зграда на ФИКТ во која се планираат простории за соработка со ИТ компаниите како партнери на ФИКТ, за да бидат поблиску до студентите кои претендираат да бидат подовна вработени во истите.Ова е традиционална манифестација која неколку години се одржува како резултат на успешната соработка на ИТ бизнис секторот со ФИКТ и неговите студенти како одговор на барањата на пазарот на труд.  И оваа година, 22 компании од ИТ секторот учествуваа со повеќе работни групи и повеќе од 60-тина пријавени студенти за изведување на студенска пракса на овој начин. Од сите пријавени групи, на крајот, успешно завршување на проектите за овој термин пријавија 9 групи чии проекти беа презентираат на настанот.Претставникот им се заблагодари на сите ментори од компаниите кои несебично се заложија да се завршат проектите, но и на професорите од ФИКТ кои помагаа да се заврши работата до крај. На настанот исто така се обратија претставниците од бизнис секторот на компаниите Interworks и Ekstrimlabs (eX3mlabs) кои ја искажаа својата заинтересираност за учество во ваков вид на соработка со факултетот и со надеж дека бројот на успешни проекти во иднина ќе биде поголем и соработката ќе се продлабочи.Презентациите на проектите беа проследени од страна на аудиториумот и некои медиуми, после што Продеканот за настава на ФИКТ им ги врачи сертификатите за успешно завршена студенска пракса на студентите и нивните ментори од ИТ компаниите.После тоа, некои од компаниите им поделија сертификати и награди на студентите кои работеа со Менторите од нивните компании и на професорите ментори на ФИКТ со кои соработуваа, а имаше и продолжено дружење на учесниците на настанот во холот на новата зграда на ФИКТ.

More from ВестиMore posts in Вести »