Марија и Томас Русенгрен од хуманитарната организација “ХЕНД ТИЛ ХЕНД“ од Шведска повторно, по шести пат, донираа во Клиничка Болница во Битола, а денес во кругот на болницата беше истоварен цел шлепер на опрема, апарати, кревети, колички…
Во спреченост на Марија, донацијата на клиничката болница ја предаде во име на невладината хуманитарна организација “Рака на рака“, нејзиниот сопруг Томас, кој за донацијата рече:
-Вредноста на донацијата е вкупно 260.000 евра, а се состои од голем број на отропедски помагала, колилни од сите видови, има петнаесетина со електричен мотор за лиц акои имаат пречки во движењето, разни апарати, дваесетина кревети и други работи кои не би сакал да ги набројувам сега. Донацијата ја предадовме на болницата во Битола, која се надевам ќе најди начин овие работи да ги употреби, бидејќи се добро и можат да се користат.
Најповеќе според Томас и вработените во Болницата, се израдувале лицата со попреченост во движењето, кои добија донации во вид на колички кои се движат на електричен погон, а имаат голема вредност.
За донацијата, во име на Клиничката болница портпаролот, Сузана Коневска рече:
-Госпоѓата Марија и господинот Томас Русенгрен од хуманитарната организација “ХЕНД ТИЛ ХЕНД“ од Шведска повторно не почестија со уште една голема донација во вредност од 260.000 евра. Донацијата се состои во кревети, столици, потрошен материјал за операционите сали и одделенијата за интензивна нега, многу апаратура за физикалното одделение, постелнина, апарати за кожно одделение и одделението за интензивна нега. Во донацијата има и оперативен стол, монитор за САРИЛ, радијатор, шкафчина, велосипеди за одделението за физикална медицина, душеци, надкасни.
Соработката продолжува и понатаму, а Клиничка болница упати голема благодарност до пријателите од Шведска.

Нова донација на Марија и Томас Русенгрен, во вредност од 260.000 евра за болницата (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- СВР Битола: приведување за попречување на полицијата во извршување службени дејствија
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)





