М-р сци. Стефан Матиќ, вработен во Болница „Плодност“, од неодамна се стекна со звањето магистер на науки по биотехнологија на асистирана хумана репродукција и по ембриологија, на голем и пресижен европски универзитет.
Програмата на обучување се одвиваше во текот на една година, а практичниот дел од магистерската работа, во времетраење од месец и половина, како и одбраната на тезата „Морфокинетски параметри на ембрионален развој, опсервирани со тајм лапс микроскопија“, под менторство на д-р Алберто Техера, се одвиваа на институтот IVI во рамките на универзитетот во Валенсија, Шпанија.
Научните сознанија, со кои се стекна м-р Стефан Матиќ, се од областа на ембриологијата, ембриоскопијата, ИКСИ, биопсија на ембриони, витрификација, машки стерилитет, активација на јајни клетки итн.
Во тек на практичниот дел, Матиќ се стекна со сертификација за изведување на биопсија на ембриони и витрификација.
Ова стручно усовршување, ќе значи многу за Болница „Плодност“, која веќе предничи цо регионот во однос на ИВФ постапките и справување со машкиот стерилитет, а со најновите сознанија на Матиќ, ќе се добија уште поквалитетни, понапредни и единствени сознанија во однос на оваа проблематика.

М-р сци. Стефан Матиќ, уште едно високо сетрифицирано лице во “Плодност“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- СВР Битола: приведување за попречување на полицијата во извршување службени дејствија
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)





