Учениците од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ ја заокружија учебната година со посета на АД ЕСМ Подружница РЕК – “Битола“ од страна на учениците од 5-а одделение со одделенскиот наставник, Весна Јанкулоска.
Учениците од близу се запознаа сo изгледот на нашиот гигант, со неговите составни делови, згради, огромните хали, високите оџаци и разладните кули, со работата на термоелектраната и се запознаа со подетални факти за процесот и производството на електричната енергија.
Целта на оваа посета беше и учениците да направат една споредба и анализа: од една страна на тежината на процесот на производство на електрична енергија и од друга страна на значењето на електричната енергија, за да практикуваат како да ја штедат истата, да стекнат уште едно ново позитивно знаење и искуство кои им се потребни понатаму во животот.

Учениците од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во посета на РЕК “Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)





