Press "Enter" to skip to content

Ново гурманско мени во Lounge Bar “GT“ на Широк Сокак (фото)

На сред Широк Сокак, Lounge Bar “GT“ уште со отварањето  пробуди голем интерес и стана едно од омилените места за излегување на битолчани.Тоа место е пријатно и за дневна кафе шема, така и за вечерна шема.Особено  овој период со започнување на летниот распуст и жешките денови кога Широк Сокак уште повеќе заживува и тоа до доцните ноќни часови.За летниот период  од Lounge Bar “GT“ нудат многу новини кои ќе бидат интересни.-За гурманите сладокусци, на вториот спрат  Lounge Bar “GT“, нуди најразлични специјалитети од италијанска, грчката храна. А, како новина, е внесено мени со нови јадења подготвени и мајсторите на кујната, традиционална храна и скара, вели Благојче Талески, менаџер на Lounge Bar “GT“ и додава:-Од кујната на Lounge Bar “GT“ ги посочуваме следните специјалитети кои мора да се пробаат. Тоа се туна слата, свинско ребро, коленица во фурна, а тука на менито се наоѓаат и специјалите од мелено месо на скара.Ова вкусно мени треба да е причина и да го посетите ресторанот на Lounge Bar “GT“ на вториот спрат, а дека просторот е климатизиран за да биде местото пријатно во овие летни денови, дека услугата е на високо ниво, дека амбиентот е единствен со поглед на најградската улица, не треба ниту да се споменува, бидејќи битолчани тоа добро го знаат.Се разбира тука во Lounge Bar “GT“ по оброкот ќе бидете послужени со квалитетното кафе, заедно со слатките кои ги нуди слаткарницата на првиот спрат.Сладоледот по најнова италијанска рецептура и технологија ќе ги израдува љубителите на овој десерт особено најмладите кои ќе се разладуваат во текот на жешките месеци.

Ж.Ристевска