Press "Enter" to skip to content

Адвокатите со свечена седница и полагање цвеќе го одбележаа Денот на Македонската адвокатура (фото)

Адвокатската заедница Битола, како и секоја година традиционално, денес, со полагање на цвеќе на бистите пред Апелационит суд на Јосиф Христовски – Ѕвончаро и Коле Канински го одбележаа Денот на Македонската адвокатура, 16 јуни.Потоа битолските адвокати одржаа и свечена седница на која за денот на македонската адвокатура зборуваше претседателот на здружението на адвокатите од Битола, Никола Главинче.

-Да потсетиме Коле Канински (1914-1944) по дипломирањето на Правниот факултет во Белград бил адвокатски приправник кај адвокат Воислав Протиќ, а потоа и кај адвокат Александар Костиќ, а Јосиф Христовски – Ѕвончаро (1914-1942) бил студент на Правниот факултет во Белград и учесник во НОБ. Од вкупно 38 адвокати запишани во Именикот на адвокатите за 1945 и 1946 година, во Битола адвокатски канцеларии отвориле вкупно 10, потсети Никола Главинче, кој зборуваше и за хронолигијата на адвокатурата по Втората светска војна.Делегација на битолските адвокати положи и свежо цвеќе на почивалиштето на д-р Павел Шатев, прв министер за правосудство на Македонија и иницијатор за основање на Адвокатската комора на Македонија во 1945 година.Бистите на првоборците и адвокатски приправници, донирани од Адвокатската комора на градот Битола во 1981 година и тоа Јосиф Христовски – Ѕвончаро и Коле Канински пред Апелациониот суд Битола. Оваа активност традиционално полгање на цвеќе на бистите битолските адвокати ја практикуваат од 1981 година без прекин.

More from ВестиMore posts in Вести »