Press "Enter" to skip to content

Базенот во клиничка болница отворен за сите заинтересирани (фото)

Покрај пациентите базенот може да користи и во комерцијални цели по цена од 1.000 денари месечно.

Базенот во Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ ќе работи од отворен тим за сите заинтересирани битолчани.

Освен за лежечките пациенти како терапија, базенот, се отвара и ќе работи преку мој термин, а може да се користи со упат до одделението за физикална терапија. За таа намена е  воведен е пакет на услуги, а цената изнесува 750 денари. Терминот за користење на базенот се определува 15 дена, со претходно закажување во амбулантата на одделението за физикална терапија, која е сместена во подрумот на Клиничка болница, од 8 до 18 часот.Пациентите можат да ги користат услугити за користење на базенот за време од еден час, во кој термин можат да користат електро-терапија и вежби, со постојана контрола од страна на терапеут за секакви консултации.

Базенот во одреден ден на денот ќе работи и за комерцијални цели по барање на голем број наши граѓани и тоа месечна карта од 1.000 денари, во утврдени термини од понеделник до петок, а сабота и недела се доплаќа по 100 денари.

Работното време на базенот е од 9 до 18 часот, а базенот се одржува според пропишаните стандарди за користење на овој вид на базени. Температурата на водата во базенот е 30 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »