СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и М.Р.(28), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба“. На 15.06 2019 година од објект на улица ,,Климент Охридски”, со насилно отворање врата, одзеле стока со вкупна вредност од 80.000 денари.
На 17.06.2019 во 18.25 ч. на крстосницата од улиците „Никола Тесла“ и „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, патничко возило „Фолксваген венто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола, удрило во велосипед управуван од Ц.К. (60) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.К. и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.
На 17.06.2019 година во 20.45 часот на паркингот кај Домот на култура во Битола, патничко возило „Опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (28) од с. Долно Оризари, битолско, удрило во четиригодишно дете, кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.






