Press "Enter" to skip to content

Старт 30, километар 23 денари, бара поскапување Зружението на лиценцирани такси превозници

Претставници од Здружението на лиценцирани такси превозници од Битола денеска одржаа средба со новинарите, за преку нив да ги известат за новите цени на такси превозот, кои ги бараат од Советот на Општина Битола, да им ги одобри.

Во име на лиценцираните такси превозници, кои ги имаа околу 200 во Битола, зборуваше претставникот Слободан Јанковски, кој рече:-Во име на лиценцирани такси превозници доставивме барање до Советот на општина Битола за усогласување на цените на такси услугите поради зголемување на трошоците кои влегуваат во одредувањето на цената на такси превозот. Цената на такси превозот не е зголемена веќе 10 години, а ни се покачени сите трошоци околу такси услугите. Поради овие причини апелираме фо сите политички партии, кои се во Советот на општина Битола, да го поддржат нашето барање. Бараме стартот од 20 да биде 30 денари, а за секој изминат километар цената да биде 23 денари. 

Од здружението, велат, дека граѓаните се свесни за ова барање, кое како додаваат е изнудено со оглед на поскапувањето на сите улуги и производи кои влегуваат во формирањето на цената, а новата цена ќе придонесе за поквалитетен и побезбеден такси превоз.

Барањето во Општина Битола е поднесено пред два месеци, а по направената комисија, се надеваат дека на утрешната седница ќе има точка на дневиот ред, токму за ова барање.

Доколку ова барањето за нови цени не биде изгласано, од Здруженито во кое има такси компании и поединци, ќе има нов состанок за тоа како понатаму ќе постапуваат.

More from ВестиMore posts in Вести »