Невладината организација “СФЕРА“ е домаќин на отворениот настан “Гафити култури“ на кој учествуваат триесетина млади уметници од шест земји, а покрај тоа што работат на цртање на графити на зидот на тениското игралиште, ќе одржат изложба на фотографии
и ќе прикажат на краток документарен филм .
и ќе прикажат на краток документарен филм .
Настанот е дел од младинската размена “Гафити култури“ каде што ќе присуствуваат 30 млади уметници Грција, Португалија, Шпанија, Чешка и Полска, кои ќе работат со домаќините.

-Ние ќе ја користиме фотографијата, видеото и графити, како алатки за промовирање на интеркултурен дијалог, културен идентитет и разновидност и промовирање на вклучувањето на различни култури во Европа, истакнуваат од “Сфера“.
Во текот на една недела, колку ќе трае оваа младинска размена, тие ќе направат голем број на фотографии и ќе снимаат документарен филм инспирирани од различните култури во Европа.






