Press "Enter" to skip to content

Зоран Дојчиновски директор на паркинзи, за брзо огласите за вработување

Досегашниот технички дитектор на ЈП “Комуналец“ Битола, Зоран Дојчиновски, ќе биде на чело на новоформираното јавно битолски пртеријатие за градски паркинзи.

Дојчиновски има завршено дипломирано на Технички факултет и е машински инженер и за него ќе биде предизвик да биде директор на новоформираното јавно претријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола.  

Во април, Советот ја донесе одлуката за формирање јавно претпријатие за паркинзи и организирање јавен превоз во Битола, кое ќе ги преземе паркинзите од концесионерот “Стентон градба“, на кој договорот му истекува понеделник, 24 јуни.

Правните работи околи ова ново јавни преторијатие за завршени, а во моментот се вршат сите правни моменти за да луѓето бидат примени на работа, односно ќе биде отворен конкурс за вработување на 50-тина луѓе, рече Методија Илиевски, координаторот на советничката група на СДСМ во Советот.

 

More from ВестиMore posts in Вести »