Во Клиничкиот болнички центар во Ријека, Република Хрватска, на посебен вид едукација учествуваа специјалистите гинеколози-акушери од ПЗУ Болница “Плодност“, д-р Кристинка Пајаковска, д-р Марија Христовска и д-р Никола Василески, како и медицинските сестри-акушерки Мерлинда Драла и Надица Нешковска.
Посебен дел од нивната шестдневна едукација, зазедоа областите на грижа на ниво на перинатална заштита, клинички дел, организација на работа на дневна болница, запознавање со организацијата на работа и грижа за мајките по породувањето.
Но, најважниот дел од обуката на медицинскиот тим на Болница „Плодност“ се однесуваше на алтернативните методи на породување, односно породување на столица и породување во вода.
Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот.
Болница „Плодност“, следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата, целосно е подготвена за примена и на овој вид алтернативно породување, преку стручната наобразба на својот персонал и техничките можности и капацитети.

Болницата “Плодност“ подготвена и за алтернативни методи на породување (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени
- Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола





