Press "Enter" to skip to content

Горан Милевски и официјално, предложен од премиерот, за министер за локална самоуправа

Битолчанецот, Горан Милевски, е предлог од премиерот на Заев за нов министер за локална самоуправа и ќе биде дел од четворицата нови министри кои влегуваат во Владата.

Првиот човек на ЛДП Горан Милевски го презема ресорот локална самоуправа, а денес тоа и официјално го соопшти претседателот на Владата во Валандово, каде ги обелодени имињата на новите министри и истовремено им се заблагодари на досагашните кадри за нивниот ангажман.

-Локалната самоуправа од запоставен министерски ресор, ЛДП има намера да го направи еден од најважните ресори во државата. Сакаме да има “СИЛНИ ОПШТИНИ, ЗА СИЛНА МАКЕДОНИЈА” каква што беше заложбата на ЛДП уште пред точно 10 години, кога настапивме самостојно на Локалните избори во 2009 година под слоганот: СИЛНИ ОПШТИНИ, СИЛНА МАКЕДОНИЈА. ЛДП добива огромна задача да ги зголеми ингеренциите и финансиите на локалната самоуправа. Таа можност ќе ја искористиме заедно со одличниот тим кој ќе го изградиме во самото министерство и со поддршка на премиерот и локалната самоуправа, напиша Милевски на фејсбук профилот, по соопштувањето на новите министри, премиерот Заев.

Милевски е престедател на Либерално демократската партија, а ќе го напушти пратичкото место. Милевски беше претседател на битолската организација на ЛДП, а два мандати беше и советник во Советот на општина Битола.

По реконструкција на Владата, премиерот најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон. Како што најави Заев, околу 20-ина нови имиња ќе ги заменат досегашните директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија, а процесот треба да биде завршен до крајот на месецов.

More from ВестиMore posts in Вести »