Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: буковчанец удрил во канделабра кај Паркот и судар кај Кукуречанска раскрница

На 26.06.2019 година во 06.52 часот на крстосница од ул.„Македонска Фаланга“ и пат за стадион „Тумбе-кафе“ во Битола, Љ.С. (62) од с. Буково, битолско, управувајќи патничко возило „Форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки,  изгубил контрола и удрил во канделабра за улично осветлување и во дрво. Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му била укажана лекарска помош.  Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 26.06.2019 година во 16.30 часот на Кукуречанска крстосница – Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило – влекач „Ман“ со гевгелиски регистарски ознаки, со полуприколка „Шмитц-Гота“, управувано од М.Љ. (50) од Богданци, патничко возило „Рено Меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш. (63) од с. Вирово, демирхисарско  и патничко возило „Фолксваген Голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ц.Е.(55) од Неготино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Голф“, М.Е.(35) од Неготино, која била пренесена во Клиничката болница во Битола, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Ш. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »