Press "Enter" to skip to content

Туристичката агенција “ЈК Травел“ избрана за најдобра во Македонија

Според анкетата која што беше направена на иницијатива на фејсбук групата „На одмор во Грција“ , туристичката агенција ЈК Травел беше избрана за најдобра агенција со која граѓаните имале најдобро искуство во конкуренција од вкупно 50 туристички агенции.

Членовите на оваа група кои летувале или планираат повторно да летуваат на некои од летувалиштата во Грција, најмногу гласови и дадоа на ЈК Травел, вкупно 136, драстично повеќе од второрангираната агенција која има 45 гласови.

На анкетата можеше да се гласа две недели почнувајќи од 12 јуни.

Резултатите од оваа анкета потврдија дека ЈК Травел е најверодостојна и најсигурна агенција која на своите клиенти секогаш максимално им излегува во пресрет, но исто така и нуди привлечни дестинации по цени достапни за секого.

А клиентите секогаш знаат да го препознаат најдоброто.