Загадувањето на животната средина е еден од големите проблеми на денешницата. Сите ние треба да станеме свесни дека и со мали чекори можеме да придонесеме за нејзино зачувување. На тој начин треба да ја подигаме свеста и кај децата. Училиштето со интерграција на екологија во воспитно – образовниот процес го прави тоа низ различни еко проекти и активности.
Едно од училиштаа кое се вклучи во интересен еко проект е и училиштето ,,Александар Турунџев”, под раководство на Ирина Павловска (наставник по биологија и хемија). Еко – акцијата се изведе во атарот на селата Црнобуки и Кукуречани. Во акцијата учествуваа учениците од 1 до 9 одделение, заедно со неколку наставници.
Директорката на училиштетото, Бранка Лазаревска за оовј проект ни рече:
-Успешно заврши еко проектот со оваа еко акција во нашето училиште. Во текот на учебната година.се реализираа повеќе еко активности во коли сите учествувавме и ученици и наставници. Целта на овие акции е да се подигне свеста на младите, во врска со грижата за животната средина. Друга цел ни беше да придонесеме во намалувањето на загадувањето на воздухот.и до селото стигнавме со велосипеди. Заради безбедноста во сообраќајот, групата беше придружувана од полициско возило. Учениците од 1 до 9 одделение, заедно со неколку наставници, беа вредни и истиот ден собраа неколку, големи, вреќи отпадок од различно потекло. Продолжуваме и со други еко проекти и акции и следната година и низ воспитно образовниот процес ги насочуваме децата за грижата на околината и најзино зачувување.
Се надеваме дека и нашето опкружување ќе го следи примерот на училиштето и учениците.
Жанета Ристевска






