Вќера низ Широк Сокак, почнувајќи од паркот кај Саат кулата па се до спортката сала “Боро Чурлевски“ се одржа првата Битолска парада на гордоста, која беше организирано преку социјалните мрежи.
Парадата, со говор на отец Стеван Здравески, заврши на платото пред спортската сала, каде тој уште еднаш потсети на традиционалните вредности кои треба да се почитуваат, а цитираше и извадоци од Библијата.
Инаку, во Битолската парада на гордоста учествуваа голем број на битолчани, а меѓу нив имаше мајки и татковци со своите деца, професори, спортисти, навивачи, свештени лица…
Ова е начин да се испрати порака за зачувување на семејните вредности и традицијата, а како контра реакција на Парадата на гордоста што се одржа саботата во Скопје.
Битолската парада на гордоста помина достинствено и мирно, без никакви инциденти.

Од Саатот до Шеталиште, се одржа битолска парада на гордоста (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени
- Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени





