На 30.06.2019 година во 01.00 часот во СВР Битола, Б.Џ. (25) од Битола, сопственик на угостителски објект на улица „Буковски мост“, пријавил дека неколку лица недолично се однесувале и му се заканувале. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30јуни во СВР Битола било пријавено дека лицето Е.А. (31) од Битола го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување и со фрлање предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






