Талентираните ученици од ОУ “Св. Климент Охридски“ не мируваат ниту за време на летниот распуст. Тие заедно со професорката Анкица Стевановска наставник по ликовно образование и со поддршка на директорката Гордана Анастасова го разубавуваат училиштето.
Влезот во училиштето е разубавен и е насликан голем мурал, а инспирацијата на децата била планината Пелистер и моликата, а сето тоа е пренесено со многу љубов и внимание на ѕидот, а овие креативни деца со нетпрение ги очекуваат наредните слични проекти.
Навистина е радост да се има вакви деца, а посебно професори и директори кои во летен распуст се уште работат се деца, посебно со таленторани кои ги насочуваат и мотивираат да работат во полето на уметноста.
Ж.Ристевска






