Со тајно гласање, на 172 седница на Универзитетскиот сенат успешно заврши изборот за Претседател на Сенатот на УКЛО, вон. проф. д-р Светлана Велјановска од Правниот факултет ќе ја извршува функцијата.
Постапката за избор на Претседател на Сенатот на УКЛО ја спроведе Изборна комисија, избрана од Сенатот со јавно гласање. Постапката е спроведена во согласност со Законот и Статутот на УКЛО на седницата на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот.
Инаку, УКЛО е првиот универзитет во нашата држава којшто реализираше избор на ректор во согласност со новиот Закон за високо образование на непосредни, тајни и слободни избори и реализира прв избор на Претседател на Сенатот на Универзитетот.
Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот и вршењето на должноста Претседател на Сенат е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија.






