Кога повозрасниот господин на глас реагираше наутро и упатуваше лоши карактеристики за денешните деца, откако видовме за што реалира, сосема бил во право.
-Ги гледате дење кога поминуваат тука и кога одат на школо и на работа се крстат кај параклисот, а ноќе кога се враќаат во ниедно време ја шутираат кантата за ѓубре. Не сакам да верувам дека се истите деца во текот на денот и овие кои лумпуваат навечер, ни објасни чичкото кој се подготвуваше да го собере ѓубрето пред параклисот кој се наоѓа кај ОУ “Тодор Ангелевски“.
И ние се надеваме дека не се истите деца, но кој и да се сепак не доликува на млади луѓе да се расфрла ѓубрето, а посебно не пред верски објект пред кој се крстат и се помолуваат.






