Press "Enter" to skip to content

Битола е на пат да добие ракометен гигант со фузија на Пелистер и Еурофарм Работник

Разговорите околу спојувањето на двата клуба се пред завршница, а се чекаат правните, административните и спортските начини за фузија на и Еурофарм Работник и Пелистер.

За тоа како се одвивале досега разговорите и преговорите околу фузијата на клубовите од РК Пелистер велат:-Првите неофицијални разговори за спојување на двата клуба Пелистер и Еурофарм Работник започнаа уште изминатата година, пред околу една година, но тогаш се уште немаше услови и не беше созреана работата и се договоривме да помине оваа натпреварувачка сезона или пред да заврши да ги продолжиме разговорите.  Во овој период ги затопливме односите меѓу двата клуба, имавме заеднички прес конференции, донации и со тоа сакавме да направиме позитивка клима во градот, посебно кај навивачите.  Од февруари-март започнавме со неофицијални разговори како би можело да се направи спојувањето на двата битолски ракометни клубови и да се напраби силен клуб, заедно Пелистер и Еурофарм Работник, кој ќе биде доминантен во државата, на ниво на Вадрар, Металург кој ќе игра во СЕХА лигата…

Разговорите овие месеци зад нас три месеци беа интензивирани и се разговарало за финансиите, за правните, техничките и спортските аспекти околу спојувањето.

-Преговорите се интензивираа, а затоа Пелистер во овој период, кој е предвиден за трансфери нема ангажирано нови играчи, а сите ракометари кои беа во клубот со завршени договори беа пуштени, а во клубот се останати неколкумина млади домашни ракометари кои се под договор. Ова е се со цел да не направиме два клуба со многу ракометари, а фузијата ќе оди потешко. Еурофарм Работник е стабилен суперлигаш и има своја инфраструктура, буџет, пласман во Европа, а со дополнителната вредност на Пелистер, како име, историја, традиција, организација во сите категории, пред се во младинските погони, управата, општината, јавните претпријатија, како инфраструктура што може да застане позади новиот клуб, мислеме дека ќе можи да се направи еден ракометен великан во Битола.По поинтензивни преговори изминатиот месец дојден е до некаков начелен договор, како и на кој начин може да се неправи тоа спојување, и од каде да тргне работата.

-Прв чекор кој треба да се направи е официјално барање на Еурофарм Работник до општина Битола, како доминантен сопственик на акциите на РК Пелистер и да понуди концепт колкав број на акции сака да преземи, дали 75, 85 или 100 проценти. Тие треба да го понудат концептот, а општина Битола која има свои видувања, односно Советот на општината, да го оценат тој концепт и како правно и административно и спортски да се спојат тие два клуба. Во разговорите е предложено да има два клуба, првиот клуб да се натпреварува во Супер лигата, СЕХА лигата и Лигата на шампиони, а вториот клуб да биде клуб за млади категории каде ќе можат да стекнуваат искуство. Прашање е на договор дали тој клуб ќе настапува во Супер лигата или еден ранг договор.

Секако тема на разговор е спортската сала “Боро Чурлевски“ каде треда игра клубот, а која треда да ги задоволи потребните стандарди предвидени од страна на ЕХФ.

-Најважно и најнеопходно за еден силен клуб, гигант, е да има спортска сала која ќе ги исполнува условите за натпреварување, и од тој аспекст е контактирано со градоначајнилката и претседателот на Советот, со одделенијата во Општина Битола, како и со ЈП “Комуналец“ кој ја одржува салата. Во таа насока, ќе мора веднаш, не денес не утре, туку вчера да се почне со санација на инфраструктирата во спортската сала “Боро Чурлевски“, осветлувањето пред се, тоалетите, влезовите и најважното греењето. Тоа што се направи пред натпреварот со Турција како санација, соблекувалните, судиските, делегатската и докторската канцеларија, значително ќе помогне. Ќе треба уште една таква акција, за што има време и простор, а можат да се обезбедат и средства за да се среди салата. Штом се среди салата ќе се исполнат сите услови за силен Пелистер-Еурофарм или Еурофарм-Пелистер, како ќе се одлучи да игра во Битола.Ова е најдобрата варијанта за која “навиваат“ во Пелистер, во општина Битола, на управата на Еурофарм Работник, а посебно љубителите на ракометот во Битола.  Од РК Пелистер не сакаат да помислат на нешто друго, бидејќи во спротивно нема да се инвестира во салата, Еурофарм ќе игра во Скопје, а Пелистер нема кадровка инфраструктора, тренер и играчи и допрва треба да формира тим, а нема да биде конкурентет.

Очекуваме до крајот на месецот да се случи спојувањето, велат од Пелистер, откако финанскиски е стабилизиран клубот, без долгови, иако можеби не сме во првите три екипи, но не е за потценување, што се е направено до сега. Клубот е исчистен од стари долгови, од тековни трошоци, а само ваков клуб може да се понуди на продажба. Ова е главната причина зошто Еурофарм Работник се зафати со проектот спојување, односно купување, истакнуват од Пелистер.

Сашо Ристевски