Press "Enter" to skip to content

Изборна конференција на ОО СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски ги избра соработниците (фото)

Жаклина Наумовска е избрана за нов секретар, а за организационен секретар Александар Дракуловски.

Синоќа во Битола се одржа изборна конференција на Основната Организација на СДСМ Битола на која присуствуваше новиот генерален секретар, Љупчо Николовски, а на која беа избрани раководните тела  на битолската организација.

Љупчо Николовски на својот фејсбук профил по конфеенцијата во Битола, кратко напиша; Другарство, нова енергија и мотивираност. СДСМ ги заокружува промените и воспоставува нов систем за работа. Честитки за новото раководство на Општинската организација Битола.Најблизок соработник на претседателот на ОО на СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски ќе му биде Жаклина Наумовска, која е избрана за нов секретар, а за организационен секретар е избран Александар Дракуловски.

На изборната конференција беа избрани членовите на новиот Извршен и Надзорен одбор.Директорот на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски е координаторот на изборната конференција во Новаци, а во Могила, членот на Извршен одбор на партијата, Васко Талевски во општина Могила.

Фото: СДСМ

More from ВестиMore posts in Вести »