Press "Enter" to skip to content

ИФВ тимот од болница “Плодност“ на европски конгрес за хумана репродукција во Виена, Австрија: “Ние сме во чекор со светските достигнувања”

Д-р Христијан Трпчевски – гинеколог, Николче Огненовски – клинички ембриолог-андролог, Горан Стегфановски – ембриолог-андролог, м-р sci. med. Стефан Матиќ – ембриолог-андролог, Снежана Дмитровиќ – висока медицинска сестра, Анета Јошевска Дамчевска – висока медицинска сестра и Владимир Белевски – фармацевт, од Центар за ИВФ и асистирана хумана репродукција во специјална болница по гинекологија и акушерство “Плодност“ од Битола деновиве учествуваа на главниот Европски конгрес на специјалисти за репроудктивна медицина, кој се одржува во најголемите европски центри, а оваа година се одржа во Виена, Австрија.-Овој конгрес се одржува еднаш годишно, на различни локации, големи градови, минатата година беше во Шпанија, Барселона, а годинава во Виена, во организација на најстарото здружение од оваа област (ESHRE). Болницата “Плодност“  е активен член на ова здружение, а секој вработен кој работи во ИВФ одделот е исто така член во здружението и во текот на целата година активно објавуваме и трудови во списанијата кои ги публикуваа ова европско здружение, а редовно учествувавме и на главниот конгрес, вели д-р Христијан Трпчевски.Огненовски додава: -Овој годишен симпозиум опфаќа најразлични области од асистираната репродукција, а тука се репродуктивната гинекологија и хирургија, клиничка ембриологија, андрологија, машки стерилитет, витрификација, репродуктивна генетика со имунологија, базична наука, сестринска работа во ИВФ одделот.-Присуствувавме на сите предавања на конгресот, а бевме вклучени во работилниците кои се одржуваа, каде имавме и дискусии. Сите учествувавме на своите работилници, ние ембриолозите, гинекологот, сестрите, секој за својата област. Таму имаше 15 сали во кои активно имаше предавања, во сите четири дена, ден пред конгресот и три дена од конгресот. Секој одеше во својата група, за на крај да се комплетираме и да размениме мислења и искуства, вели Стефановски за организацијата и начинот на работа на Конгресот.-За нас она што го видовме и научивме во Виена е од големо значење. Тука беа презентирани најновите достигнувања кои се уште не се публицирани, не можат да се прочитаат. Нивното објавување ќе се случи во наредните два-три месеци и повеќе, а ние ги имавме од прва рака. Освен што ги слушавме најновите достигнувања кои беа презентирани од врвните умови во оваа сфера, имавме можност за дискусија, лице во лице, со најголемите имиња во светската ИВФ наука. Во Виена предаваа големи експерти, како Џексон Киркман, еден од најголемите доктори андролози во светот, од институтот во Бирминген, Николас Гаридо, Маркос Месегуер, Ана Кобо, Елена Лабарта од IVI Валенсија, Маркус Монтак од Гермианија и многу други, вели за бенефитот м-р Матиќ, кој додава дека штотуку се вратил од Институтот за неплодност во Валенсија (IVI), каде и магистрира.-Оваа  наша нова едукација и стекнато искуство од најновите достигнувања на она што се уште не е излезено на пазарот и што можеме први да го воведеме во Македонија, ќе резултира со подобрување на квалитетот на услугата и е од голема корист за нашите пациенти. Ние не мораме да чекаме тоа да се објави, па да го учиме, туку сме пред времето, истакнуваат тројцата емрбиолози-андролози, кои во тек на предконгресниот курс имаа целодневна обука и работилница за справување со машки стерилитет.Д-р Христијан Трпчевски вели дека тие се во предност и во дијагностицирањето и во третирањето на проблемите поврзани со стерилитетот, примената на нови лекарства, протоколи, хормонални терапии, а кога нешто ново ќе излезе на пазарот и светската наука ќе докаже дека има корист од истото, тие веднаш го применуваат кај нив, во болницата “Плодност“.На конгесот имаше 12.000 учесници од цел свет. Иако конгресот се води како Европски, поради научните достигнувања кои се презентираат има учесници од Соединетите американски држави и Австралија, а тука се и научниците од Азија, па затоа може да се наречи и светски конгрес. Претставува најголем конгрес за хумана репродукција во Европа, што ни даде можност да размениме искуства и практики со експрерти од цел свет, потенциираат Дмитровиќ и Јошевска-Дамчевска, кои дополнително во тек на конгресот специјално се обучија за оптимизирање на животниот стил и навиките кај пацинетите со стерилитет, со што би се оптимизирала целокупната постапка.-Ова здружение е формирано во 1985 година, од страна на човекот кој ја почна постапката за хумана репродукција, проф. Едвардс,  и проф. Кохен, појаснуваат од ИВФ тимот и додаваат – На конгресот направени се контакти со сите големи производители на опрема и фармациски препарати како и секоја година, а оваа година за прв пат со нас не беше нашиот шеф, д-р Таше Трпчевски кој поради обрски и посветеност кон своите пациенти остана во Битола. Но, д-р Христијан Трпчевски се покажа како одличен лидер, направи контакти со многу клиники и репродуктивни експерти, професори кои може да бидат само бенефит за “Плодност“ и пациентите. Тие специјалисти можеме да ги контактираме во било кое време, кога имаме специфичен случај да побараме помош, доедукација… па и конзилијарно мислење.Се запознавме и со новите лекови и дијагностички средства, нивната примена и препораки за употреба, кои беа презентирани на огромниот саем, кој е дел од годишниот конрес на здружението, вели Белевски. Фармацевтските достигнувања и усовршувањето на лековите кои се користат во ИВФ постапките се неизоставен дел од брзиот развој на ова поле од медицината, а ние мора постајано да сме во чекор со најновите случувања.И сопственикот на “Плодност“ д-р Таше Трпчевски не го крие задоволството од начинот на пристап кон работата на својот тим на стручњаци, на кои што им ги исполнува сите “луди желби“ за набавка на нова опрема и континуирана едукација, со што што ќе се доусовршуваат.

-Имам “дрим тим“ во оваа област, а сé уште немаат сé кажано. За брзо време ќе објавиме голем бум во оваа област, вели д-р Таше Трпчевски, кој во секој поглед ги охрабрува.Во ИВФ центарот на “Плодност“ се применуваат сите научни достигнувања кои постојат во светот, се што е познато, верифицирано и докажано дека функционира и има бенефит. “Плодност“ е во чекор со најголемите центри и така сакаат да бидат и во иднина, а изминатиов период тоа го прават и во однос на опремата, со набавка на нов микро-манипулатор со микроскоп, што е огромна инвестиција, а тука е и тајм-лапс инкубаторор со кој во реално време ги следат ембрионите, што е значајно за подобра успешност на постапките. Сé ова допринесува “Плодност“ да бидат во дијагностицирање и третирање на брачната неплодност, пиоенри во репродуктивната хирургија и во бројни ембриолошки процедури и справување со машкиот стерилитет, а воедно се и центар со највисок процент на успешност во ИВФ постапките во нашата земја и регионот.  

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »