Ротаракт Клубот Широк Сокак од Битола доби признание за најдобар општествен клуб во нашата држава. Овој клуб кој постои од 31.10.2014 има мисија и цел да го подобрува општеството каде што живеат овие млади потенцијални идни лидери.
Ротаракт Широк Сокак реазлизираше повеќе проекти, донации во Битола, како што е акцијата „Подари Оброк“ во кој што се поделија 2400 топли оброци, повеќекратни донации во Клиничката Болница Битола, реновирање, санација на тоалети и училници во Заводот Кочо Рацин и сл.

Повеќе од 110 години ротаријанците од целиот свет се ангажираат за промовирање на мирот, солидарноста и инспирирање на позитивни промени во местата каде делуваат, како теми кои се од глобално значење за човештвото. Активностите се спроведуваат преку Ротари и Ротаракт клубови ширум светот, од кои 11 Ротаракт клубови постојат во нашата земја.
Признанието за најдобрар клуб го доделува Сојузот на Ротари клубови кој е во рамките на Дистриктот 1912, заедно со клубовите од Република Словенија.






