Press "Enter" to skip to content

Преписка помеѓу ПСК Пелистер и Општина Битола, по решението за домот Копанки

По решението домот “Копанки“ да биде во државна сопственост, денес со писмена реакција се јави претседателството на ПСК “Копанки“, а потоа и Општина Битола се јави и Општина Битола. Во целост ви ги пренесуваме и двете соопштенија:

ПСК Пелистер реагираше на решението за новата сопственоста на Планинарскиот дом Копанки, со кое се вели:-Како Здружение ПСК Пелистер, како луѓе и граѓани на Битола, денес се соочивме со уште еден во низата напади врз нас, врз планинарството и спортот севкупно. Овој пат притисокот е изразен со донесување Решение од страна на градоначалничката со кое ни се одзема сопственоста врз Планинарскиот дом Копанки.

Како во најдобрите сталинови времиња, ама овојпат во 21 век – се спроведува НОВА НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА! Решението е правно неиздржано, контрадикторно по форма и суштина и истото ќе го поништиме во соодветна законска постапка. Нема да подлегнеме на притисоците, нема да се предадеме и покрај сите непријатности што ни се вршат и како планинарски клуб и поединечно на нашите членови. Правото и правдата се на наша страна и истото ќе се докаже со идната правосилна пресуда!

Градоначалничката за ваквото постапување ќе одговара според законот, кој нели, е ист за сите. За политичката и моралната одговорност ќе оставиме да судат нашите сограѓани.“ стои во реакцијата.

“КОПАНКИ ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА КОПАНКИ“Потоа следуваше и новата писмена реакција на општина Битола:

Донесувањето на Решение за делумно поништување на претходно донeсеното решение со кое сопственоста на објектот Копанки е утврдена на ПСК Пелистер, не претставува никаков обид за влијание и притисок. Напротив, значи спроведување на законска процедура која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Решението е донесено по целосна анализа од страна на стручните служби на Општина Битола на процесот на легализација на домот Копанки.

Стручните служби заклучија дека Решението со кое е утврден правосилниот статус на домот Копанки е делумно ништовен. Во водената управна постапка е утврдено дека е прекршен Законот за постапување со бесправни објекти, во делот на впишување на сопственост.

Целата постапка е водена во функција на интензивирање на обновата на опожарениот дом, бидејќи досегашната динамика не дава сигурност за целосно завршување на процесот. Целта на локалната самоуправа е со донесување на ова Решение и со конкретно испланиран буџет да се инвестира во планинарскиот дом Копанки.

Токму моралната одговорност е една од причините за инвестиција во објектот Копанки, кој што е во интерес на сите граѓани. Општина Битола ќе ги почитува одлуките на органите и институциите во државата.

Копанки било и ќе биде на битолчани!

More from ВестиMore posts in Вести »