Низ Широк Сокак, од плоштадот “Магнолија“ па се до Офицерски во вечерните часови во овие летни денови е преполно со луѓе кои по жешкиот ден излегуваат да се разладат. Низ Ширк Сокак има толку многу народ што на некои места мора да се причека за да се помине.
Во таа вечерна гужба низ преполната со луѓе улица, има распродено десетина тезги на кои се продаваат проматарски работи, а продавачите не одбираат начин како на дечињата да им продадат некоја играчка, која на крајно невкусен начин им да нудат на децата.
На овие панаѓурски тезги оправдано реагираат оние кои се шетаат по Широк Сокак, бидејќи треба да внимаат да не им растурат тезгата или да не им падне на глава некоја играчка која ја фрлаат во воздух.
Реагираат сопствениците на продавниците кои продаваат вакви играчки, бидејки како велат плаќаат кирија, придонеси, имаат фискални каси.
А, реагираат жителите кои живеат на Широк Сокак поради гланоснота на тезгаџиите кои сосе деца продаваат на улица и за ѓубрето кое го оставаат на улицата.






