Нови засилувања во тимот под Тумбекафе е Борче Маневски од Балкани-Косови, Мирко Симјановски од Неготино и Мики Јовановски од Лабуништа.
Денес на стадионот под Тумбекафе статтуваа подготовките на фудбалерите на Пелистер, а како беше речено од страна на Управата и тренерот, се ќе биде насочено кон една единствена цел, враќање на Пелистер во Првата лига.
-Минатата година клубот го презедовме во текот на сезоната, а имавме самое една цел, опстанок во Втората лига. Но, сега сме заедно со вас на стартот, но со друга цел, оваа година да се вратиме онаму каде и што му е местото на Пелистер, во Првата лига, го започна излагањето, сопстеникот на клубот, Пеце Стојчевски, кој не ја испушти приликата да му се заблагодари на сите за изминатата сезона, за која додаде дека ако имало уште некое коло, сега можеби би биле прволигаши.
Стојчевски на фудбалерите им го претстави и новиот спортски директор, Пеце Коруновски, кој е задолжен да ја координира работата на сите кагегории во клубот.
-Ви посакувам успешна сезона вам, а секако заедно со вас и нам, управата, прво здравје, да нема повреди, да направиме атмосфера сите да работиме како еден и на крај да се радуваме, рече Стојчевски.
Во клубот, има тројца засилувања, Борче Маневски од Балкани-Косови, Мирко Симјано од Неготино и Мики Јовановски од Лабуништа, а заминаа Ристе Марковски-иселенички во САД, Ристе Илиовски, Јовче Трајковски и Петар Љамчевски.
Тренерот на Пелистер, Дарко Крстески веднаш по прозивката го одржа и првиот тренинг, а на фудбалерите им го кажа и планот по кој ќе се одвиваат подготовките.
-Тргнуваме со лесен тренинг денес и утре, а од петок започнуваме со двојна програма. Имаме време, нема да се форсираме, но ако сакаме Прва лига, таа сега се сработува, во подготвителниот период, бидејќи кога ќе дојдат натпреварите, ќе биде доцна. Пелистер ќе работи во Битола, ќе одигра пет пријателски натправари, а дел нив ќе ги игра во Охрид, а во тој период најверојно и таму ќе престојуваат, рече Крстески.
Тој со својот помошник Димче Ристевски и спортскиот директор денес и утре ќе го докомплетираат планот за подготовки, односно каде и во кој термин на кој терен ќе се тренира, со цел да се залува тревата на стадионот во овие жештини.
Неофицијално не е искучено уште некој фудбалер да му се приклучи на тимот, односно како рекоа да одекне некоја фубалска бомба под Тумбекафе.
Текст и фото: С. Ристевски





