Press "Enter" to skip to content

Вицепремиерката Шеќеринска во посета на РЕК “Битола“, рекордно производство и капитални проекти (фотогалерија)

Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски во посета на РЕК “Битола“, каде имаа средба со директорот Васко Ковачевски и раководниот тим.По работниот состанок со директорот Васко Ковачевски и раководниот тим на Комбинатот, гостите имаа обиколка на Термоелектраната и на Блок команда, каде беа запознаени со тековните активности, плановите, пред се со плановите за производство на електрична енергија и заштитата на човековата средина и дека до крајот на годината ќе се избере фирма која треба да изврши реконструкција на електростатските филтри.-Со последните одлуки и на Владата и на Регулаторната комисија се покажа дека со домаќинско работење можно е да постигнете тројна цел и тоа електричната енергија да биде на располагање по исти цени за граѓаните, да го зголемиме домашното производство на електрична енергија на сметка на поранешниот увоз и третата цел, што ја исполнивме, е воведување на евтината тарифа на струјата. Сите овие три работи беа возможни само ако домаќински и професионално се работеше во електраните, а особено во клучната електрана РЕК “Битола“. Комбинаатот има рекордно производство, обезбеди ниски трошоци при сето тоа и затоа еден дел од парите коишто останаа можеме да ги инвестираме во еколошки проекти. Здравјето нема цена и затоа рековме дека таму каде што е државата сопственик нема оправдување, рече Шекеринска.Таа најави дека се очекува до крајот на годината да има договор со кој целиот систем на заштита на животната средина ќе се модернизира и ќе бидат значително подобрени перформансите.Директорот, Ковачевски, потенцира дека после посетата на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот Кочо Анѓушев во РЕК “Битола“, и денешнава посета покажува дека оваа извршна власт акцентот го става врз електроенергетскиот систем во државата, но исто така и врз РЕК “Битола“. Најави дека во наредниот период како комбинат ќе имаат заеднички проекти за рекултивизација на земјиштето околу комбинатот со МЗШВ.-Менаџментот на РЕК „Битола“ во измината година и половина посветил особено внимание на стабилизирање на системот за производство на електрична енергија, а тоа го покажуваат и резултатите. Во првите шест месеци од оваа година го имаме надминато планот за производство за 16 проценти, а исто така го имаме надминато и минатогодишното производство за истиот период за речиси 77 проценти. Во исто време имавме обврски и да ги намалиме трошоците за работа и можам со задоволство да кажам дека во првото полугодие од оваа година од предвидените средства сме заштедиле 650 милиони денари, информираше директорот Ковачевски.

За инвестициите во РЕК „Битола“ и за постапката за реконструкција на електростатските филтри Ковачевски додаде:-Посебно да напоменам дека ги направивме ремонтите на “Блок 1“ и “Блок 3“ оваа година и престојува уште капиталниот ремонт на “Блок 2“ којшто ќе започне на 15 август. Со тоа ќе го стабилизираме производството и ќе го ставиме во систем, во функција комплетно РЕК “Битола“. Од девет пристигнати понуди, седум продолжуваат во следна фаза и сметам дека на овој проект мора да посветиме особено големо внимание, тежок проект над 20 милиони евра, проект на кого не смееме да ги направиме грешките како во минатото кога се направиле со ревитализацијата на котлите – кога се дадоа парите, а не се постигнаа перформансите. Очекувам постапките да ги завршиме до крајот на годината, да имаме избран економски оператор и следствено на тоа следните три години по една година да ги правиме филтрите на секој од блоковите, рече директорот на РЕК „Битола“.

Во тек е и уште една капитална инвестиција, истакна, а тоа е инвестицијата за разладната кула на Блок 2, вредна шест милиони евра, постапката е веќе при крај и од 15. август веќе ќе имаме изведувач, рече Ковачевски.

More from ВестиMore posts in Вести »