Нема битолчанец кој не го посетил и не знае за малито црквиче кој е посветено на светите чудотворци, безсребреници, Кузман и Дамјан, па така беше и денес кога ние го посетивме “малото црквиче“.
Параклисот се наоѓа во мал двор на улицата “Солинска“ број 114-а, кај основното училиште “Стив Наумов“ и него битолчани го посетуваат два пати годишно, во лето и доцна есен, кога се слават Светите Кузман и Дамјан.
Битолчани и денес го посетија ова свето место и се помолија за здравје, свое, на семејството како и на сите болни, како и прилега на денешниот ден, денот посветен на двајцата чудотворци.
Каректеристично за ова црвиче е тоа што се наоѓа во двор на битолчанец, кој не е православен верник, но тој два пати годишно ги отвара вратите на својот двор за сите битолчани, кои сакаат да се помолат на светите, безсребреници, Кузман и Дамјан и да наполнат вода од изворот кој е тука и по рушењето на црквата која се наоѓала на ова место. Се прикажува дека црквата била голема и имала голем двор, но откако таму некој Турчин направил куќа таа е срушена.
Денот посветен на Светите Козма или Кузман и Дамјан, спаѓа меѓу поголемите празници кои се празнуваат имендени.
Меѓу нашиот народ, денов е познат и како Свети Врачи или едноставно Световрача. Зборот врач и денес во некои словенски јазици (во рускиот јазик) значи лекар. Наречени се бесребреници или безмитни, затоа што според житието, бесплатно лекувале и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“
Во народниот живот овој празник го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина како лекување со билки на пример. Тие на овој празник не работат, зашто во спротивно нема да им фати лекот.
Градот Сандански во пиринскиот дел на Македонија порано го носел името Свети Врачи.






