Press "Enter" to skip to content

ЈП “Пазари“ продолжува да инвестира во еко-проекти, по греење на пелети, фотоволтаични панели

Денови е завршен тендерот за фотоволтаични панели во градскиот пазар, што за брзо време ќе биде трет по ред проект, со кој ЈП “Пазари“, ќе ги следи еколошките проекти. По лед сијалиците, парното греење на пелети ќе следува и поставување на фотоволтаични панели.

-Завршен тендерот за фотоволтаични панели кои ќе ги поставиме на покривот на градскиот пазар. Овој проект е продолжение на претходните два, а ќе даде придонес кон заштита на животната средина, намалување на трошоците во работење и проширување на дејноста на претпријатието. Вкупна инвестиција 1.100.000 денари, обезбедени од сопствени приходи, како и претходните два, промена на сите сијалици со штедливи лед сијалици и монтажа на нов систем за греење наменет за Управната зграда на ЈП “Пазари“, вели директорот, Владе Атанасовски.