Она што се навестуваше, денес, доби и официјална потврда на денешната седница на Владата која донесе одлуки и препораки до Управни и надзорни одбори за избори на нови членови, по акцијата наречена “Метла“.
На Надзорниот одбор на АД “Електрани на Северна Македонија“, од страна на Владата, му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за Член на Управниот одбор, кој ја извршува функцијата генерален директор.
Истовремено, Владата го разреши досегашниот претседател на УО и директор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост – Драган Миновски, досегашниот директор на АД ЕСМ.






