Press "Enter" to skip to content

Младинската асоцијација “ИМКА“ од Битола организира младински лидерски камп (фото)

Младинската асоцијација “ИМКА“ во соработка со Мировниот корпус и оваа година го организира Младинскиот Лидерски Камп (Young Men’s Leadership Project). На кампот учествуваат 52 средношколци од Македонија поддржани од 36 волонтери и персонал. Кампот се одржува во детското одморалиште Бегова Корија (поранешно Шула Мина) на планините во близина на Крушево во периодот 14-21 јули 2019.Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост и личен развој. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.Мисијата на ИМКА и на овие кампови е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини.Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите. Програмата се темели на спој на неформалното образование и едукација на отворено.

More from ВестиMore posts in Вести »