Press "Enter" to skip to content

Фото вест: тргнати возилата од левата страна на “Солунска“ кај Камен мост

По засилени сообраќајни контроли, казнување на непрописно паркираните возила и со подигнување на возилата со “пајак“ службата, тргнати се возилата од левата страна на улицата “Солунска“ на потегот околу Камен Мост.

Иако е забрането паркрирање од левата страна, а на десната се наплаќа паркингот, голем број возачи паркираа на левата страна, но сега нема паркирани возила.

Жителите на оваа улица се задоволни од тоа што се рекаксира улицата и го нема метежот кој го правеа возилата, од паркираните да не може да се помине ниту на тротоар, а оние кои се движеа се движеа полека.

Возачите, реагираа на подигнувањето на возилата со “пајак“ и на казните кои некои ги добија за погрешно паркирање.

More from ВестиMore posts in Вести »