Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кај битолчанец пронајдена и одземена марихуана за продажба

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.И. (30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 17.01.2019 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Воедно, при преземени мерки било утврдено дека на 26.10.2018 пријавениот на Х.Б. му дал наркотични средства, заради натамошна продажба на други лица. 

More from ВестиMore posts in Вести »