Денес во клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола се одржа стручен колегиум на кој присуствуваше менаџерскиот тим болницата и началниците на сите одделенија.
Началниците на одделенија дадоа отчет за сработеното во изминатите шест месеци, а покрај отчетот се споделија проблеми со кои се соочуваме, се разговараше за уште подобра комуникација меѓу одделенијата.
-Се донесоја многу одлуки се со цел нашите пациенти да бидат што повеќе задоволни во примањето на здравствените услуги од наша страна. Задоволен пациент е успешноста на нашето работење, истакна директорот, д-р Зоран Лазаров, кој побара од присутните уште поголеми активности се со цел давање уште поголема грижа и помош за нашите граѓани.

Во клиничката болница началниците даваат отчет пред менаџерскиот тим за изминатите шест месеци
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- Осветен големиот крст кај црквата “Св. Ѓоргија“ во Паралово (фото)
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени





