На прославата, пред седиштето на партијата во Битола, на 29 роденден на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола зборуваше претседателот на партијата.
Христијан Мицковски, а на прославата дојде со претседателот на општинскиот комитет Иванчо Тошевски и членот на Извршиот комитет Силвана Ангелевска.
Поздравувајќи ги присутните и честитајки го роденденот, Мицковски рече:
-Денес сме во Битола да прославиме уште една годишнина од формирањето на општинскиот комитет во Битола, заедно со голем број од членовите, активистите и симпетизерите се со нас. Сакаме да го одбележиме заедно овој настан бидејќи секој роденден на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е од посебно значење не само за ВМРО-ДМПНЕ туку и за граѓаните на Битола, бидејќи бидејќи партијата била и ќе остане столб на државноста на Македонија.
-Покрај тоа што ќе го прославиме овој ден, ќе поразговараме за иднината и за сите предизвици кои што ни престојат во периодот кој следи, додаде Мицковски.
Пред прославата на роденденот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Мицковски прошета по Широк Сокак, а се дружеше неформално со локалното раководство и со младите.
На присутните им порача дека идната година роденденот нема да го слават како опозиција, туку како партија која ќе има формирано Влада.
Мицковски одговараше на прашања на новинарите, за актуелните случувања деновиве, а рече дека се надевам дека заеднички со позицијата ќе се посветат на реформите и да утврдат датум за предвремени парламенатарни избори.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека работат на својот предлог закон за јавното обвинителство, чија основна цел ќе биде да се обезбеди правда за сите.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го прослави својот роденден (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- Осветен големиот крст кај црквата “Св. Ѓоргија“ во Паралово (фото)
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени





