Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со препораки за граѓаните за време на летната туристичка сезона

Во интерес на безбедноста на сите граѓани а по повод претстојната летна туристичка сезона , Секторот за внатрешни работи Битола, Ви препорачува да ги почитувате следните совети и препораки:

Заштитете го вашиот дом и имот

-Обезбедете го Вашиот дом и Вашите вредносни предмети. Не чувајте пари, накит и други вредни работи во Вашиот дом. Користете ги услугите на банките-картички, штедни книшки, банкарски сефови и слично.

-Внимавајте на Вашето моторно возило и не оставајте вредни предмети на видливо место и при секое напуштање на истото-заклучувајте го.

-Внимателно користење на социјалните мрежи како и објавувањето на слики и места каде сте во моментот, со што им укажувате на останатите дека моментално не сте дома а со тоа станувате мета за кражба.

-Доколку станете жртва на ваквиот вид на криминал-веднаш пријавете во Полиција. Додека не дојде Полицијата, не допирајте ништо и не дозволувајте никој да влезе во Вашиот дом. По доаѓањето на Полицијата известете ги за вредните работи кои Ви се украдени.

-Внимавајте на Вашиот паричник. Паричникот во задниот џеб предизвикува !

-Пред напуштање на Вашиот дом а посебно на подолг временски период, проверете и исклучете ги куќните апарати или предмети кои можат да предизвикаат пожар.

Препорачуваме до сите учесници во сообраќајот

-Да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на не конзумирањето на алкохол и психотропни супстанции, приспособување на брзината спрема условите и состојбата на патот како и пред да се стекнат со право за управување на моторно возило .

-Управување на моторни возила и задолжителна употреба на безбедносен појас , да не користите мобилен телефон за време на управување со моторно возило, задолжителна опрема во возилото и управување на технички исправни моторни возила

-Мотоциклистите задолжително да користат пропишана заштитна опрема (кацига).

-Возачите почетници да ја почитуваат забраната за управување во моторно возило од 23,00 до 05,00 часот и да не се управува моторно возило над 77 киловати.

-Препорачуваме до возачите на моторни возила да избегнуваат управување моторни возила во периоди на денот кога темпрературата е плус 35 степени, поради фактор дека  високите температури  негативно делуваат на концентрацијата на возачите .

ДА НЕ ГО НАРУШУВАТЕ ЈАВНИОТ РЕД И МИР, ДА НЕ ГИ ВОЗНЕМИРИТЕ ГРАЃАНИТЕ И ЈА ЗАГРОЗИТЕ НИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ 

-Со карање,викање или непристојно и дрско однесување,фрлање,кршење шишиња,чаши или други предмети

-Во пијана состојба,ниту пак да дозволите да се доведите под дејство на наркотични дроги,психотропни супстанции и сл. 

-Со учество, предизвикување или потикнување друг на расправија,тепачка или физички напад врз друго лице

-Сопствениците на угостителските објекти да не дозволат присуство на малолетници после 24.оо часот,ниту пак да дозволат да се точи алкохол на малолетни и пијани лица

Посебен апел до Родителите:

Да се грижат за нивните деца и нивното поведение заради што старателите  чии деца односно штитеници  поради негрижа вршат прекршоци од овој закон ќе им се изрече глоба од 600 до 800 евра во денарска противвредност

Исто така граѓаните се предупредуваат

Да не палат оган на отворен простор и на необезбедени места, меѓи, пасишта и  други површини. Да не  фрлаат отпушоци, стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад. Доколку се забележи пожар-веднаш да се извести Центарот за управување со кризи или локалната противпожарна единица. (195 или 193)

 СВР-БИТОЛА, ОТСЕК ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

More from ВестиMore posts in Вести »