Press "Enter" to skip to content

СДСМ ги комплетираше партиските комисии, Елизабета Наумовска, претседател на комисијата за образование и наука

Синоќа, СДСМ на седницата на Централниот одбор на партијата меѓу другите одлуки беа назначени и претседателите на партиските комисии, со што беа заокружени промените во партијата.

За претседател на комисијата за образование и наука е назначена, битолчанката, Елизабета Наумовски, директорка на средното општински училиште “Таки Даскало“.

Оваа нова партиска финкција за Наумовска е продолжени на партиските функции кои таа ги имала во областа на образованието, а и досега, во изминатите пет-шет години била член на централната комисија за образование и наука и член на секратаријатот на Централната комисијата.

Наумовска десетина години е претседател на локалната комисија за образование и претседател на регионалната комисија за образование и наука.

More from ВестиMore posts in Вести »