Press "Enter" to skip to content

Деновиве во “Плодност“, четири пара близнаци, осум ин-витро бебиња донесоа среќа во четири семејства (фото)

Деновиве атмосферата во битолската специјална болница по гинекологија и акушерство “Плодност“  и центарот за ИВФ и асистирана хумана репродукција беше како секој вработен и пациент би ја посакал. Вработените и новите родители заедно ја поделија радоста од раѓањето на четирите пара близнаци.

Во само три дена, како плод на ин-витро постапките од нашиот ИВФ центар се родија четири пара близнаци, односно осум бебиња. Три пара близнаци дојдоа на свет во нашата болница, а еден пар близнаци се родени во ГАК. На фотографијата се нашите среќни шест ин-витро бебиња, кои се дел од 16-те новороденчиња во болницата, ни рекоа во “Плодност“, кои потенцираат дека најголем успех за болницата е кога на свет ќе дојдат деца, кои се плод на ин-витро успешните приказни.-Тоа се мигови кои оставаат неизбришлива трага во срцата на нашите вработени, е еден таков момент кој ќе се памети е првиот поглед на братчето кон сестричката, двете близначиња родени во нашата болница. Софија и Филип се новороденчиња кои дојдоа на свет, но за нив карактеристично е што се плод на успешна ивф постапка реализирана во болницата “Плодност“, велат во “Плодност, кои им честитаат на среќните родители и заедно со нив, се радуваа на уште една среќна приказна од нивното големо семејство.

Бројот на раѓањето на дечиња во болницата “Плодност“ е помал во однос на бројот на забременување по ин-витро постапката која целосно е направена кај нив, бидејќи голем број се странци и мајките се породуваат надвор од Македонија, а има е дел кои се породуваат во другите градови.

More from ВестиMore posts in Вести »