Press "Enter" to skip to content

Прес на СДСМ за посетата на Христијан Мицковски во Битола

По повод посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на Битола, за роденденот на општинскиот комитет, СДСМ Битола, одржа прес, на кој зборуваше портпаролот на СДСМ од Битола, Борче Корлевски, кој рече:

-Почитувани претставници на медиумите, на оваа средба со Вас сакаме да го пренесеме нашиот впечаток во врска со синоќешниот престој на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Битола! Бегалецот Мицкоски, кој вчера побегна од лидерска средба, поучен од неговиот ментор – бегалецот Груевски, како ноќна птица долета во Битола за да слави роденден на ненародна партија која наместо народните, во прв план ги става личните интереси. Само така ја разбираме дружината на Мицкоски која заедно со ВладимирТалески и останатите од тајфата, оставија голема горчина во минатото.

Господине Мицкоски, навредливо е токму во Битола да дојдете на торта, во градот кој токму вашите сопартијци го претворија  во колевка на криминалот , го опустошија, до гуша ги заглавија неговите институциите и направија фајронт на општинскиот буџет. Заборавивте ли дека нашиот град е на 16 километри од границата со Европската Унија за која токму Вие се залагате да остане вечно затворена, создавајќи амбиент на нестабилност и простор за недобивање Датум за преговори со ЕУ. 

Господине Мицкоски разбравме што синоќа таксавте, тоа се ЛАГИ  за брзо враќање на власт, повторно немир и неизвесност за нашата татковина, за нашата држава која меѓународниот фактор ја оцени како светол пример на Балканот и во Европа.

Што се однесува на Вашите анкети ,во нив не веруваат нити анкетарите, а камо ли граѓаните!  И, конечно…како добро воспитани битолчани, Ви посакуваме 30-от роден ден на Вашиот огранок, да го славите во држава – 30-та членка на НАТО, за што придонесоа нашите прогресивни, а не Вашите деструктивни политики!

More from ВестиMore posts in Вести »