Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој во Битола беше за прославата на роденденот на општискиот комитет, го продолжи својот престој, за денес заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски и дваесетина членови, по тој повод да се искачат на Пелистер.
Искачувањето било по камењарот, од каде преку социјалните мрежи порача:
-Стив, Илинден и конечно Пелистер, Битола, Република Македонија 🇲🇰. Наместо трка на 100 метри, одбирам маратон, за стигнување до целта и финална победа. “На планините на висината никогаш не се искачувате залудно. Или ќе достигнете повисока точка денес или ќе ги тренирате вашите сили за да може да се искачите повисоко утре” – Фридрих Ниче.

Христијан Мицковски и членови на партијата на Пелистер за роденденот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фотографијата на Марушо и другарите е изборот на ЕХФ
- Лино Черван по победата никој не издвојува, победи тимот вели тој
- Фирмите со сметки во “Алта банка“ од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи
- Во Битола променливо облачно и студено, температурата до 7 степени
- Публиката во Битола го виде најдобриот европски натпревар и со одлична атмосфера ги награди ракометрите (фотогалерија)





