Младите од СДММ од Битола, преку Васко Колевски, на денешниот прес реагираа на иселувањето на младите, при што беше речено:
-Лидерот на опозицијата, при својата посета на Битола, повторно се наврати на проблемот со иселувањето на младите, кој не беше толку актуелен за нив кога немо го следеа најбројното исселување на нашите другари и другарки. Ваквата состојба е болен проблем со кој нашата држава се соочува повеќе од една деценија. После многу претходни неуспешни мерки и обиди, нашата влада конечно имплементира низа решенија кои резултираат со намалување на бројот на исселени млади. Само како потсетување, во 2015 година се исселија рекордни 20562 млади! Во само една година! Во истата таа, 51% беше стапката на невработеност кај младите.
Младите бараат развиена економија и можности за напредок. Младите бараат подобро образование и можности за вработување. Зголемувањето на минималните плати, овозможувањето на платена пракса, стипендиите и финансиската помош за образование на децата од ранливите категории, поддршка на надарените и талентираните деца, ставање во употреба на младинската картичка и поддршка на разни видови проекти од областа на млади и спорт се само дел од мерките кои оваа влада ги превзема за да понуди иднина за младите дома и со тоа да се намали одливот на мозоци од РСМ.
Иако Владата на РСМ предводена од СДСМ и коалцијата прави напори за да се надмине исселувањето на младите, опозицијата работи само на создавање нереална слика дека не се превзема ништо за оваа ситуација да се спречи. Се користи секоја прилика за да се манипулира со јавноста, родителите и со младата популација. Се критикува секој обид за напредок, но младите поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ во Битола уште еднаш не потсетија за вирусот на ВМРО ДПМНЕ за предизвикување на нерегуларности и измами, крадење и кршење кутии на УКИМ со цел спречување студентите легитимно да изберат свој претставник, тепаа студенти по библиотеки, и со состојбата која ја создадоа, придонесоа за историски најголемото отселување на младите.
Бидејќи на младите останува иднината, ние избираме Европска иднина со европски вредности, принципи и здрава демократија, и покрај критиките, владата ќе продолжи со мерките за задржување на младите. Уверени сме дека со вистинските промени на клучните нешта, младите почнаа својата иднина да ја гледаат во својата татковина и да не размислуваат за исселување.






