СВР Битола поднесе кривична пријава против две лица од селото Лавци, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување пари, хартии од вредност или знаци од вредност“.
Во текот на 2017 и 2018 година, првопријавениот, во својство на претседател на месната заедница во село Лавци и второпријавениот, во својство на секретар на истата месна заедница, искористиле службен печат од општина Битола кој е со измината важност, при што извршиле заверка на обрасци-парагони, на име на лице од село Лавци со кои била вршена наплата на потрошена вода од селскиот водовод во истото село, а исто така, со употреба на печат со ограничена важност, извршиле заверка на парагон на име друго лице од село Лавци, соопшти МВР.






