Press "Enter" to skip to content

Соња Карапец, директор на студенсткиот дом: започнува електронското пријавување на студентите за 385 легла (фото)

Студентскиот дом “Кочо Рацин“ на идните свои станари им нуди 385 легна и услови кои ги задоволуваат строгите критериуми на студентите, за престој, школување и други активности кои ги организира домор, а и самите студенти.

Соња Карапец, директорката на студентскиот дом “Кочо Рацин“ од Битола, денеска преку прес-конференција ги извести студентите кои сакаат да престојуваат студентите.-Ве известуваме дека на 15.07.2019 година е распишан конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2019/2020 година.Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk. Студентскиот дом „Кочо Рацин“ заедно со службите ви стојат на располагање преку целиот летен период за доставување на документацијата. Рокот за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 25.07.2019 година и трае до 15.08.2019 година.Рокот за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 09.09.2019 година и трае до 16.09.2019 година. Студентскиот дом „Кочо Рацин“ располага со капацитет од вкупно 385 легла.  Вработените во студентскиот дом максимално се вложуваат во подобрување на условите што се нудат. Студентите можат да се сместуваат во 4 блока од кои еден е целосно реновиран минатата година.Бевме во план да реновираме уште еден блок но добивме известување од Владата на РСМ дека се предвидени средства за реновирање на сите студентски домови во кои сме вклучени и ние. До крајот на оваа година точно ќе знаеме колкава ќе биде инвестицијата од владата за целосно реновирање на студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола.Повеќе информации за условите, начинот на пријавуање и потребните документи може да се најдат на страната на министерството за образование и наука (http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2817-2019-2039).

А она што е новина од оваа година е дека овие информации ќе бидат достапни и на страната на Универзитетот „Св.Климент Охридски – Битола“.

More from ВестиMore posts in Вести »