Моментно се опожарени старите турски гробишта кои се наоѓаат во населбата “Ушици“, а со пламен е опфатена површина наспроти улицата “Богомила“ кај пералната “Уно“, кон старата самопослуга на “Прехрана“.
Според она што го видивме на самото место, гори високата сува трева која со оглед на густината гори во високи пламени.
-Редовно секоја година се палат турските гробишта, бидејќи овде одамна никој и не ја коси тревата, па затоа има висока треба која предизвика при горењето и голем пламен. Пожарната единица е тука, и се е под контрола, велат жителите од улицата “Богомила“.
Пожарникарите се тука и го контролираат огнот и не дозволуваат да премине надвор од турските гробишта, кон куќите кои се на таа страна, а на самото место има и пожарникарско возило.






