Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со препораки до граѓаните за Илинденските празници

Во интерес на безбедноста на сите граѓани а по повод претстојниот национален празник 2 Август-Илинден, Секторот за внатрешни работи Битола, Ви препорачува да ги почитувате следните совети и препораки:

-За безбедно одвивање на сообраќајот потребно е да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициски службеници. Не е дозволено управување на возила под дејство на алкохол и наркотични средства, без возачка дозвола и технички неисправни возила.

-Поради големиот број на прослави, собири и манифестации на подрачјето на СВР Битола, каде има масовно собирање на граѓани, се апелира до сите граѓаните да не го нарушуваат јавниот ред и мир.

-Забрането е неовластено пукање и употреба на оружје и пиротехнички средства, учествување, предизвикување или поттикнување друг на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба.

-Забрането е користење и управување со безпилотни летала со посебен акцент на дроновите, без претходно добиена согласност од МВР и добиено посебно одобрение од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

-Воедно ги потсетуваме граѓаните да го заштитат својот имот. Додека се движат во места каде има повеќе народ да внимаваат на својот паричник, мобилен телефон и други вредни предмети и да не оставаат вредни предмети на видно место во автомобилите.

-Внимателно користење на социјалните мрежи како и објавувањето на слики и места каде се во моментот, со што им се укажува на останатите дека моментално не сте дома а со тоа станувате лесен плен за кражба.

За сите безбедносни настани да се пријавува на телефонскиот број 192 или кај најблискиот полициски службеник.

Секторот за внатрешни работи Битола, на сите граѓани, им го честита празникот 2 Август-Илинден.

СВР-БИТОЛА, ОТСЕК ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

More from ВестиMore posts in Вести »