Press "Enter" to skip to content

Премиерот Заев ја додели првата картичка и сам им ги наточи првите количини “зелена нафта“ (фотогалерија)

Во селото Кравари денес на свечен начин беа доделени првите картички за “зелена нафта“ на битолските земјоделци и компании кои се занимаат со земјоделие,  а вкупно ќе бидат инвестирани 20 милиони денари, а картички ќе добијат 55.000 земјоделци.На свеченоста просуствуваа премиерот Зоран Заев заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Трајан Димковски и Директорот на АФПЗРР-Николче Бабовски, како и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Домаќин на доделувањето беше раководителот на ПЕ за Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Методија Илиевски.Првата картича за “зелена нафта“ премиерот му ја додели на земјоделецот Зоран Секуловски, кој рече дека долго време ја чекале оваа мерка.

-Поевтина или „зелена нафта“ земјоделците бараа повеќе од 10 години. Затоа, на почетокот на мандатот меѓу првите мерки на кои почнавме сериозно да работиме беше можноста да воведеме „зелена нафта“. Знаевме дека така најмногу ќе им помогнеме на земјоделците да ги намалат производните трошоци, да имаат порентабилно производство и да заработат повеќе. На овој начин и субвенциите кои се одвојуваат за оваа намена ќе имаат развоен ефект, бидејќи директно ќе се користат во производството и ќе создаваат нова вредност, истакна премиерот.Субвенцијата најпрво ќе биде 30 проценти со тенденција да се зголеми до 50 отсто од малопродажната цена на горивото. Пресметката кој земјоделец колку пари ќе има на картичката ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции.Со персонализираната картичка и со расположливата сума ќе може да се точи исклучиво „евродизел“ за земјоделската механизација. Целта е на овој начин да се поттикнат земјоделските производители да го окрупнат своето производство.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Трајан Димковски пред зејмоделците рече:-Мило ми што го доделуваме првите картички за “зелена нафта“, а со оваа мерка доделуваме субвенции за нафтата за земјоделска механизација, со една цел да го направиме земјоделството поконкурентво на секој пазар. Висината на средствата зависи од големината на земјоделските површини и културите.Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски за оваа мерка додаде како ќе функционира картичката.-Во Битола ги доделивме првите персонализирани картички, а посебно ми е мило што ги доделуваме кон крајот на жетвата, кога секој денар е добредојден. Платежните картички се во подрачните единици, а за брзо време ќе бидат доставени до самите земјоделци.Премиерот Заев, на бензинската пумпа на “Макпетрол“ сам им ги наточи првите количина на “зелена нафта“ на земјоделците од Битолско.Потоа премиерот Заев се упати во Општина Битола, каде имаше средба со градоначалничката на Битола,  Наташа Петровска.