На последното собрание кое се одржа на 30 јуни, на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, битолчанецот Александар Јаневски, избран е за нов претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија “Македон“ на местото на досегашниот Ташко Јовановски.
Јаневски е и актуелен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македнија со седиште во Битола,
-На изборното собрание учесниците ми дадоа мандат да ја реализирам генералната програма на здруженијата „Македон“, а избравме и четворица потпретседатели и тоа: Петре Кироваков од Прилеп, Бошко Божинов од Велес, Стојан Димков од Штип и Ѓорги Маловски од Скопје. Ние како здружение ќе се движиме по траекторијата на „Македон“, рече на брифингот со новинарите, каде ја искористи приликата да му се заблагодари на десегашниот претседател:
-Сакам да мус е заблагодарам на Ташко Јовановски, за работата и придонесот во организирање на многу настани, подигнати бисти и поддршка на организациите во македонските градови, одржани многу панихиди, посети на места во Егејскиот дел на Грција, многу контакти во наши македонци насекаде…
Александар Јаневски е професор по природни науки и како рече има потекло од Егејскиот дел, од каде е неговиот дедо.
Со одлука на учесниците на собранието, за генерален секретар е избран Тодор Петров.






