Press "Enter" to skip to content

Реакција на ЛДП на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

По реакција на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, во врска со инвестиците кои ги најави премиерот Заев при посетата на Битола, со контра реакција се јави и локалниот клуб на ЛДП од Битола.

Во реакцијата се вели:

-Иванчо Тошевски, од ВМРО-ДПМНЕ во еден дел од неговота прес конференција со сарказам споменува за настрешница во пазарот која сега треба да биде отстранета и тој дел од пазарот познат како бижутерија ќе добие сосем нов лик.

Овој сарказам на Иванчо Тошевски и ВМРО-ДПМНЕе ќе беше оправдан ако неговата партија не раководеше со ЈП “Пазари“ 12 години.  Само за потсетување “ВМРО-ДПМНЕ“ го остави ЈП “Пазари“ со: настрешницата која ја спомнува Тошевски, долг од 1.200.000 денари и фактури за комитски вечери.

А,  сега ЈП “Пазари“ има: 4.000.000 денари на сметка и 0 (со букви: нула денари) долг.

ЈП “Пазари“ со сопствени средства го направи следново: постави ЛЕД сијалици за осветлување на пазарот, постави парно на пелети во управната зграда, склучи договор за поставување на фотоволтаици кои највероватно ќе бидат поставени до ноември, со што ЈП “Пазари“ ќе биде прво јавно претпријатие во Битола а и едно од првите во нашата држава, што само ќе произведува струја за сопствени потреби.

Со средства од централната власт ќе се отстрани настрешницата која ВМРО-ДПМНЕ ја остави во пазарот.

Во пазарот ќе има и други проекти, но за тоа во друга прилика.